Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека проширувањето на криптовалутите може да доведе до загуба на депозити во банките и ограничување на заемите кај нив. Но, поддржувачите на крипто-валутите тврдат дека ММФ само се обидува да ги заштити традиционалните финансиски институции на штета на иновациите и финансиската слобода. Вистината е дека широката употреба на криптовалути може да го зајакне финансискиот систем, децентрализирајќи ја контролата и зголемувајќи ја транспарентноста. За разлика од традиционалните банки, Биткоин и златото се децентрализирани и не можат да бидат манипулирани од централните банки или владите. ММФ се плаши дека луѓето ќе ги повлечат своите депозити и ќе ги инвестираат во Биткон, поради последните падови на банки како SVB, Silvergate bank и Signature банка, ММФ знае дека довербата на луѓето во банкарскиот систем е на најниво ниво.
Дебатата се своди на судир помеѓу банкарите кои сакаат да го задржат статусот кво и да го забранат криптото, и оние кои веруваат во трансформативната моќ на технологијата и новата и праведен паричен систем воден од Биткон.
Предупредувањето на ММФ е последното во серија на критики насочени кон криптовалутите, вели дека тие се многу волатилни и дека потребна е стабилност за широка светска адоптација. Исто така, се вели дека криптовалутите често се користат за криминални активности, како што се перење на пари и тргување со дрога, но вистината е дека банкарскиот систем е коруптивен и дека акциите на банките се повеќе волатилни од криптовалутите со ниска пазарна капитализација.
Криптовалутите овозможуваат брзи, евтини и безбедни трансакции и можат да се користат за безбедни финансиски услуги за луѓе кои се исклучени од традиционалниот банкарски систем. Исто така, биткоинот и другите криптовалути се 100% транспарентни, за разлика од денешниот банкарски систем, кој не е транспарентен и не го заштитува интересот на индивидуите. Освен тоа, криптовалутите се начин да се предизвика доминантноста на централните банки и владите, бидејќи моменталниот финансиски систем е направен во корист на богатите корпорации и банки, додека криптовалутите нудат алтернатива која е фер и значително по демократска.
“Широката пролиферација на криптовалутите доаѓа со значајни ризици за ефикасноста на монетарната политика, менаџментот на курсот на размена, управувањето со капиталниот проток на пари, како и за фискалната одржливост. Исто така, може да се потребни промени на резервите на централните банки и на глобалната финансиска безбедносна мрежа, што може да предизвика потенцијална нестабилност. Конечно, банките можат да ги изгубат депозитите и да го скрати позајмувањето на фиат валути” Се вели во соопштението на ММФ.
Иако банкарите критикуваат, заинтересираноста за криптовалутите продолжува да расте. Биткоин, најпознатата криптовалута, достигна историски максимум од над 69 илјади долари, во ноември 2021 година, и дефинитивно ќе продолжи да расте во вредност со тек на време. Исто така, се забележува зголемување на бројот на компании, вклучувајќи ги Tesla и PayPal, кои прифаќаат биткоини како начин на плаќање, што уште повеќе ја засилува неговота легитимност.
Централните банки брзаат со развој на дигитални валути на централни банки ДВЦБ (CBDC) како алтернативен систем за фиат валути, за да можат да наложат целосен контрол врз населението и да се борат против криптовалутите, поради опасноста од која тие стравуваат дека криптовалутите можат да го нарушат традиционалниот банкарски систем и да го подкопаат авторитетот на централните банки и Меѓународниот Монетарен Фонд и тие се свесни за овој ризик. ДВЦБ се дигитални верзии на традиционалните фиат валути кои се издаваат и поддржуваат од централните банки, но се подложни на истите регулативи и контрола како традиционалните валути, исто така ДВЦБ ќе се користат како начин за одржување контрола врз финансискиот систем и налагање на Орвеловски дистопски систем за надзор и целосен контрол над секоја финансиска трансакција. Решението е пред сите, и тоа е Биткоин, ако населението беше образовано, овој лажен систем со пари би се урнал како кула од карти многу порано, сеуште е неизвесно кој ќе преовладее како доминантен финансиски систем во иднина.
Ако сакате да дознаете зошто банките пропаѓаат погледнете го последното интервју кај Татунчо